Filler

Saypha® Filler– Универзален третман

Saypha® Filler се користи при корекција на умерени до сериозни брчки и набори на лицето, како и при зголемување на волуменот на усните. Тој е одличен за добивање на природен и младешки изглед на лицето и усните, па е совршен за оние кои сакаат да го започнат процесот на разубавување на брз и едноставен начин.

  • Длабочина на вбризгување
    • Вбризгувањето се врши на среден до длабок дермис
  • Длабочина на вбризгување
    • Вбризгувањето се врши површно во дермалното ткиво, а по можност се нанесува и подлабоко во кожата
  • Иглa
    • 2х27G ½ игла
  • Концентрација и стабилизација
    • 2.3% HA (23 mg / ml) / BDDE

Што Saypha® може да направи за вас?

Saypha® филерите се базираат на хијалуронска киселина (ХК), којашто е природна состојка на телото и е неопходна за одржување на влажноста, цврстината и еластичноста на кожата.

При природниот процес на стареење, како и поради фактори од животната средина како што се сонцето, загадувањето и слободните радикали, нивото на ХК во кожата се намалува секоја година. Поради тоа кожата станува потенка, посува и ја губи својата еластичност, со што започнува појавата на брчки и линии на лицето. Кога ќе се намали нивото на ХК целосната хармонија на лицето се менува. Доколку сакате да ги намалите знаците на стареењето без операции и хируршки зафати, тогаш филерите со хијалуронска киселина се вистинскиот избор за вас!

Кој може да ги користи Saypha® филерите?

Поради тоа што хијалуронската киселина е природна супстанца којашто може да се најде насекаде низ телото нема појава на алергиски реакции, па Saypha® филерите може да ги користи секој оној кој сака природен и младешки изглед на својата кожа, како и поголем волумен на усните и лицето.

Исто така, Saypha® филерите не содржат животинско потекло, со што се обезбедува оптимална толеранција на кожата.

Saypha® може да се користи на повеќе различни делови од лицето за да се добијат индивидуализирани и природни резултати.

Како нанесуваат Saypha®  филерите?

Saypha® филерите се вбризгуваат од страна на стручно лице или доктор, а процесот е брз и едноставен без хируршки зафати. Третманот е едноставен и безболен со помош на новата комбинација на хијалуронска киселина и Лидокаин.

Какви се резултатите од третманот?

Saypha® филерите нудат видливи резултати веднаш по завршувањето на третманот, а имаат долготраен ефект од неколку месеци, благодарение на веќе докажаната формула. Речиси 98% од корисниците се задоволни од нашите производи.

Не можеме да го сопреме времето, но можеме да го вратиме часовникот  назад.