За CROMA-PHARMA

Експерти за Хијалуронска Киселина

  • 40 годишто искуство
  • Висококвалитетни производи
  • Најголема удобност на пациентот, оптимална компатибилност
  • Сите состојки се највнимателно селектирани.
  • Биоферментативно потекло
  • Уникатен, целосно автоматизиран процес на производство
  • Гарантираме највисок квалитет

КОМПАНИЈАТА СОПСТВЕНИК НА SAYPHA® CROMA-PHARMA …

… таа е фамилијарна фармацевтска компанија која е посветена на подобрување на здравјето на луѓето преку развој и дистрибуција на иновативни производи во  естетската дерматологија.

Со своето работење, CROMA-PHARMA прави важни придонеси во подобрувањето на здравјето и квалитетот на животот на своите корисници.

Пионери во терапијата со Хијалуронска киселина

Искуството од неколку децении во производството на производи на база на хијалуронска киселина и уникатна експертиза во естетската медицина ја направија CROMA-PHARMA интернацинално познат специјалист во полето на подмладување на кожата. Интрадермалните, офтомолошките и ортопедските производи на CROMA-PHARMA ја прават еден најголемите производители на хијалуронска киселина во Европа. CROMA-PHARMA ги дистрибуира своите производи во 110 земји преку сопствена комерцијална организација за продажба, стратешки партнерства и дистрибутери. CROMA-PHARMA има подружници во Австрија, Белгија, Бразил, Франција, Германија, Холандија, Полска, Романија, Шпанија и Швајцарија.

Општествена Одговорност

Како фармацевтска компанија ние сме свесни за нашите општествени одговорности. CROMA-PHARMA е посветена на споделување на знаењето и искуството/експертизата за подобрување на здравствените стандарди особено во помалку развиените региони на светот. CROMA-PHARMA e долгогодишен подржувач на интернацинално-активната програма за помош LIGHT FOR THE WORLD со многу потребните офталмични производи како и својата експертиза и работна сила.

Големи количини на лекови, вискоеластични течности и интраокуларни леќи од наше производство, кои се потребни во Африка за операција на катаракта- се доделени како донации на програмата LIGHT FOR THE WORLD. На Долгогодишното партнерство со LIGHT FOR THE WORLD му беше доделена наградата TRIGOS, најважната КОО (Корпоративна општествена одговорност) награда во 2014.

LIGHT FOR THE WORLD е Европска конфедерација од невладини организации за национален развој, посветени на спасување на видот, подобрување на квалитетот на животот и застапување на правата на луѓе со недостатоци во непривилегираните региони во светот.