Saypha® FILLER LIDOCAINE – УНИВЕРЗАЛЕН ТРЕТМАН
- Концентрација и вкрстено поврзување
- 2.3% HA (23 mg/ml) и 0.3 % Лидокаин / BDDA
- Индикации
- Корекција на умерени до сериозни брчки и набори на лицето како и зголемување на волуменот на усните.
- Длабочина на вбризгување
- Среден дермис до длабок дермис
- Игла
- 2х27G ½ игла со тенки ѕидови
- Препорачан третман
- До 9 месеци

Што Saypha® може да направи за вас?
Saypha® филерите се базираат на хијалуронска киселина (ХК), којашто е природна состојка на телото и е неопходна за одржување на влажноста, цврстината и еластичноста на кожата.
При природниот процес на стареење, како и поради фактори од животната средина како што се сонцето, загадувањето и слободните радикали, нивото на ХК во кожата се намалува секоја година. Поради тоа кожата станува потенка, посува и ја губи својата еластичност, со што започнува појавата на брчки и линии на лицето. Кога ќе се намали нивото на ХК целосната хармонија на лицето се менува. Доколку сакате да ги намалите знаците на стареењето без операции и хируршки зафати, тогаш филерите со хијалуронска киселина се вистинскиот избор за вас!
Кој може да ги користи Saypha® филерите?
Поради тоа што хијалуронската киселина е природна супстанца којашто може да се најде насекаде низ телото нема појава на алергиски реакции, па Saypha® филерите може да ги користи секој оној кој сака природен и младешки изглед на својата кожа, како и поголем волумен на усните и лицето.
Исто така, Saypha® филерите не содржат животинско потекло, со што се обезбедува оптимална толеранција на кожата.
Saypha® може да се користи на повеќе различни делови од лицето за да се добијат индивидуализирани и природни резултати.
Како се нанесуваат Saypha® филерите?
Saypha® филерите се вбризгуваат од страна на стручно лице или доктор, а процесот е брз и едноставен без хируршки зафати. Третманот е едноставен и безболен со помош на новата комбинација на хијалуронска киселина и Лидокаин.
Какви се резултатите од третманот?
Saypha® филерите нудат видливи резултати веднаш по завршувањето на третманот, а имаат долготраен ефект од неколку месеци, благодарение на веќе докажаната формула. Речиси 98% од корисниците се задоволни од нашите производи.
Не можеме да го сопреме времето, но можеме да го вратиме часовникот назад.