Saypha® Volume Plus Lidocaine
Saypha® Volume Plus Lidocaine филерот обезбедува подолготрајно дејство при корекција на длабоки брчки и набори. Се користи за обновување на волуменот на лицето и при реконструктивни третмани, во случај на липоатрофија на лицето, длабоки лузни и морфолошка асиметрија.
- Длабочина на вбризгување
- Вбризгувањето се врши на длабок дермис или субкутано (поткожно ткиво)
- Игла
- Да се корегираат длабоки брчки и набори или да се обнови волуменот на лицето, реконструктивен третман, на пример, на липоатрофија на лицето, длабоки лузни, морфолошка асиметрија.
- Длабочина на вбризгување
- Длабок дермис или субкутано (подкожно ткиво)
- Игла
- 27G Terumo ½ иглa
- Концентрација и стабилизација
- 2.5% HA (25 mg / ml) / BDDE
- Времетраење на третманот
- До 12 месеци од нанесувањето

Што Saypha® може да направи за вас?
Saypha® филерите се базираат на хијалуронска киселина (ХК), којашто е природна состојка на телото и е неопходна за одржување на влажноста, цврстината и еластичноста на кожата.
При природниот процес на стареење, како и поради фактори од животната средина како што се сонцето, загадувањето и слободните радикали, нивото на ХК во кожата се намалува секоја година. Поради тоа кожата станува потенка, посува и ја губи својата еластичност, со што започнува појавата на брчки и линии на лицето. Кога ќе се намали нивото на ХК целосната хармонија на лицето се менува. Доколку сакате да ги намалите знаците на стареењето без операции и хируршки зафати, тогаш филерите со хијалуронска киселина се вистинскиот избор за вас!
Кој може да ги користи Saypha® филерите?
Поради тоа што хијалуронската киселина е природна супстанца којашто може да се најде насекаде низ телото нема појава на алергиски реакции, па Saypha® филерите може да ги користи секој оној кој сака природен и младешки изглед на својата кожа, како и поголем волумен на усните и лицето.
Исто така, Saypha® филерите не содржат животинско потекло, со што се обезбедува оптимална толеранција на кожата.
Saypha® може да се користи на повеќе различни делови од лицето за да се добијат индивидуализирани и природни резултати.
Како се нанесуваат Saypha® филерите?
Saypha® филерите се вбризгуваат од страна на стручно лице или доктор, а процесот е брз и едноставен без хируршки зафати. Третманот е едноставен и безболен со помош на новата комбинација на хијалуронска киселина и Лидокаин.
Какви се резултатите од третманот?
Saypha® филерите нудат видливи резултати веднаш по завршувањето на третманот, а имаат долготраен ефект од неколку месеци, благодарение на веќе докажаната формула. Речиси 98% од корисниците се задоволни од нашите производи.
Не можеме да го сопреме времето, но можеме да го вратиме часовникот назад.