Saypha® Rich мезотераписки раствор
Saypha® Rich е високоеластичен раствор за надополнување на изгубената хијалуронска киселина којашто ја губиме при процесот на стареење. Оваа инјекција помага за подобрување на хидратацијата, тонусот и еластичноста на кожата и дејствува како полнач на мали линии, како што се брчките околу очите и линиите кои се појавуваат околу усните како последица на смеење или пушење.
- Првичен третман
- Првобитниот третман може да има една или две дополнителни сесии помеѓу кои ќе има пауза од најмалку три недели, во зависност од состојбата на кожата
- Длабочина на вбризгување
- Вбризгувањето се врши површно во дермалното ткиво, а по можност се нанесува и подлабоко во кожата
- Иглa
- 2х30G ½ игла
- Концентрација и стабилизација
- 1.8% HA (18 mg / ml), 2% Глицерол (20 mg / ml)

Што Saypha® може да направи за вас?
Saypha® филерите се базираат на хијалуронска киселина (ХК), којашто е природна состојка на телото и е неопходна за одржување на влажноста, цврстината и еластичноста на кожата.
При природниот процес на стареење, како и поради фактори од животната средина како што се сонцето, загадувањето и слободните радикали, нивото на ХК во кожата се намалува секоја година. Поради тоа кожата станува потенка, посува и ја губи својата еластичност, со што започнува појавата на брчки и линии на лицето. Кога ќе се намали нивото на ХК целосната хармонија на лицето се менува. Доколку сакате да ги намалите знаците на стареењето без операции и хируршки зафати, тогаш филерите со хијалуронска киселина се вистинскиот избор за вас!
Кој може да ги користи Saypha® филерите?
Поради тоа што хијалуронската киселина е природна супстанца којашто може да се најде насекаде низ телото нема појава на алергиски реакции, па Saypha® филерите може да ги користи секој оној кој сака природен и младешки изглед на својата кожа, како и поголем волумен на усните и лицето.
Исто така, Saypha® филерите не содржат животинско потекло, со што се обезбедува оптимална толеранција на кожата.
Saypha® може да се користи на повеќе различни делови од лицето за да се добијат индивидуализирани и природни резултати.
Како се нанесуваат Saypha® филерите?
Saypha® филерите се вбризгуваат од страна на стручно лице или доктор, а процесот е брз и едноставен без хируршки зафати. Третманот е едноставен и безболен со помош на новата комбинација на хијалуронска киселина и Лидокаин.
Какви се резултатите од третманот?
Saypha® филерите нудат видливи резултати веднаш по завршувањето на третманот, а имаат долготраен ефект од неколку месеци, благодарение на веќе докажаната формула. Речиси 98% од корисниците се задоволни од нашите производи.
Не можеме да го сопреме времето, но можеме да го вратиме часовникот назад.