Природниот процес на стареење

Хијалуронската киселина (ХК) е природна состојка на телото неопходна за одржување на влажноста, цврстината и еластичноста на кожата.

Поради надворешните фактори и влијанија на животната средина како сонцето, загадувањето и слободните радикали, како и природниот процес на стареење, нивото на ХК во кожата секоја година се намалува. Поради тоа кожата станува потенка, посува и ја губи својата еластичност, со што започнува појавата на линии и брчки на лицето. Кога ќе се намали нивото на ХК целосната хармонија на лицето се менува. Доколку сакате да ги намалите знаците на стареењето без операции и хируршки зафати, тогаш Saypha® филерите со хијалуронска киселина се вистинскиот избор за вас!

Не можеме да го сопреме времето, но можеме да го вратиме часовникот назад.

Што Sаypha® може да направи за вас

Поради тоа што хијалуронската киселина е природна супстанца којашто може да се најде насекаде низ телото нема појава на алергиски реакции, па Saypha® филерите може да ги користи секој оној кој сака природен и младешки изглед на својата кожа, како и поголем волумен на усните и лицето.

Saypha® може да се користи на различни делови од лицето за да се добијат индивидуализирани и природни резултати.

ОПТИМАЛНА ТОЛЕРАНЦИЈА НА КОЖАТА

Saypha® филерите не содржат животинско потекло, со што се обезбедува оптимална толеранција на кожата.

ЗАДОВОЛСТВО ОД ТРЕТМАНОТ

Речиси 98% од пациентите се задоволни од нашите производи.

ВООЧЛИВИ РЕЗУЛТАТИ

Saypha® филерите нудат видливи резултати веднаш по завршување на третманот.

БЕЗБОЛЕН ТРЕТМАН

Со помош на новата комбинација на хијалуронска киселина и лидокаин, третманите со Saypha® филерите се безболни.

ДОЛГОТРАЈНИ РЕЗУЛТАТИ

Saypha® филерите имаат долготраен ефект од неколку месеци, благодарение на веќе докажаната формула.

Превземи:

Места за аплицирање

Третманот е изненадувачки едноставен а резултатите се убедливи- природен, младешки и прекрасен изглед.